Спорт
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира

Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.
Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.
„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.
Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.
„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дијаз погоди во 15-та секунда, Баерн се прошета низ Франкфурт

Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Ајнтрахт во Франкфурт со 3:0 (2:0) во натпреварот од 6-то коло на германската Бундес лига.
Натпреварот го одбележа Колумбиецот Луис Дијас, кој постигна два гола за Баварците, од кои првиот по само 15 секунди игра.
Штом трагнаа од центарот домашните фудбалери, Серж Гнабри одзеде една топка го проигра Дијаз на втората статива за рано водство. Ова е најбрзиот гол дпостигнат сезонава во Бундес лигата.
Дека Баерн ќе забележи лесна победа беше јасно во 27-та минута кога предноста ја заголеми Хари Кејн. Англичанеццот од почетокот на сезоната го постигна 18-от гол.
Резултатот 2:0 на семафорот стоеше до 84-та минута кога Дијаз со својот втор гол го постави конечниот резултат.
Актуелниот шампион го задржа својот максимален учинок на првото место со 18 бода, додека Ајнтрахт остана на шестото место со девет бода.
Спорт
(Видео) Гол и хет-трик асистенции за Бони, Интер лесно го порази Кремонезе

Интер забележа убедлива победа против Кремонезе во шестто коло, во Серија А. Во победата 4:1 блескаше поранешниот напаѓач на Парма, Бони.
Интер ја забележа четвртата победа во сезоната и полека фаќа приклучок со водечките тимови. Кремонезе по одличниот старт, две победи во првите две кола, во наредните три одигра нерешено, а вечерва го забележа првиот пораз во Серија А.
Првиот гол на натпреварот го постигна капитенот Лаутаро Мартинез, по додавањето на Бони во 6. минута, а потоа Бони зголеми на 2:0. Во второто полувреме, Бони беше асистент за Димарко и Барела во 55. и 57. минута, за конечни 4-0 на „Џузепе Меаца“.
Во самиот финиш на натпреварот почесениот гол за Кремонезе го постигна Бонацоли.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Бразилскиот тинејџер Естевао му пресуди на Ливерпул во 96.минута

Челси го доби Ливерпул со 2:1 во дербито одиграно во 7.коло, во Премиер лигата. Херој на Челзи е 17-годишниот Бразилец, Естевао, кој погоди за победа во 95.минута.
Актуелниот шампион е во криза, потрошените речиси 500 милиони евра во преодниот рок, засега не даваат резултат. На почетокот на сезоната, Ливерпул се вадеше со голови во финишот на натпреварите, а сега бележи порази на идентичен начин.
Во минатото коло, во Премиер лигата,Ливерпул загуби во судиското надополнување од Кристал Палас, следуваше пораз од Галатасарај во Истанбул, во Лигата на шампионите, а вечерва во 95.минута „црвените“ запишаа пораз на гостувањето кај Челзи.
Ливерпул две и пол години не забележал три порази по ред.
Челзи, вечерва на „Стенфорд Бриџ“ беше подобар и заслужено победи. Не знаеја избраниците на Енцо Мареска, порано да го решат прашањето околу конечниот победник.
Торпедото на Каиседо во 14.минута го отвори резултатот. Ливерпул изедначи во 63.минута, од првата вистинска акција преку Гакпо.
До крајот Челзи имаше неколку шанси, Фернадез ја погоди стативата во 92.минута, но победата стигна три минути подоцна, кога Кукуреља по земја ја испрати топката на подалечната статива, Робертсон заборави дека зад него е Естева кој ја смести топката зад грбот на најдобриот играч на Ливерпул, голманот Мамардашвили.
Со овој пораз Ливерпул му ја препушти челната позиција на Арсенал. Екипата од Лондон има 16 поени, еден повеќе од Ливерпул, додека Челси е на шестата позиција со 11 поени.