07 февруари 2012 - 10:32 AM
Новинарите на Ројтерс во дводневен штрајк
Новинарите на британската новинска агенција Reuters во Велика Британија подготвуваат за четврток и петок дводневен штрајк, првпат по повеќе од 25 години, откако матичната компанија Thomson Reuters одби да им ги зголеми платите.
Новинарите на британската новинска агенција Reuters во Велика Британија подготвуваат за четврток и петок дводневен штрајк, првпат по повеќе од 25 години, откако матичната компанија Thomson Reuters одби да им ги зголеми платите.
Членовите на филијалата на Националниот синдикат на новинари (NUJ) во Reuters, се незадоволни бидејќи нивниот работодавец им понудил зголемување од само 1,.75 отсто, што е под ниво на инфлацијата, со огромно мнозинство го изгласаа одржувањето на штрајкот.
„Се трудевме да постигнеме договор со управата, но компанијата ја одби нашата понуда, па новинарите на Thomson Reuters со големо мнозинство ја донесоа одлуката да стапат во штрајк првпат по повеќе од 25 години“, изјави претставникот на NUJ, Мајк Роди.
Главниот уредник на Reuters News, Стивен Адлер изјави дека компанијата е известена дека околу 150 новинари ќе стапат во штрајк. Во соопштението објавено во седиштето на компанијата во Њујорк, Адлер додава „Го почитуваме правото на нашите колеги да преземат таква акција во текот на преговарачкиот процес и се радуваме што следниот работен дан ќе се вратат на работа“.
Адлер додава и дека новинската агенција којашто емитува вести од регионалните дескови во Лондон, Њујорк, Вашингтон и Сингапур, обезбедиле резервен план за да во текот ан штрајкот корисниците на агенцијата и натаму добиваат вести.
Овој штрајк нема да влијае врз работата на повеќе од 2.800 новинари на Reuters кои работат надвор од Велика Британија. /крај/ро/сн
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна