БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Свет
Е-поштаПечатиСподели

ЕП гласа состав на комисијата на Баросо

09 февруари 2010, 07:46
Извор: Макфакс
Поврзани Вести
ЕП кошарка –Македонија ка...

ЕП решава за Баросо

ЕП кошарка - Македонија п...

Стразбур

Европскиот парламент денеска ќе  гласа за новиот состав на Европската комисија (ЕК) .

За потврдување на новиот кабинет на Баросо потребно е просто мнозинство во парламентот.
Се очекува дека парламентарците ќе и дадат зелено светло на комисијата, откако парламентарните одбори дадоа позитивно мислење за сите 26 кандидати за комесари.

Пред гласањето Баросо на европратениците ќе им ја презентира својата програма, како и новата екипа.

Кабинетот на Баросо треба да биде потврден и во Советот на Европската унија, по што се очекува утре и официјално да стап на должност
Утре Европарламентарците ќе го разгледуваат извештајот за напредокот на Македонија, како и извештаите за Хрватска и Турција.

Извештајот за Македонија, што го подготви словенечкиот пратеник Зоран Талер, го повикува Советот на ЕУ на самитот во март без одложувања да определи датум за почеток на претпристапните преговори.

Во врска со прашањето за името, извештајот ги повикува владите во Скопје и Атина, да ги засилат напорите за изнаоѓање на решение, додавајќи дека унијата треба да им помогне.

Македонските власти се повикуваат да ги забрзаат реформите на јавната управа и на судството, борбата против корупцијата и обезбедувањето на правата на жените и на малцинствата./крај/ит

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Свет

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ