| Иран ќе прави подобри ракети од руските С- 300 |
| Автор: Марина Виларова 07:47 | 09 февруари 2010 |
Техеран
Иран наскоро ќе почне да произведува противракетни системи подобри од руските С- 300, изјавил висок претставник на иранската воздухопловна војска за агенцијата Ирна.
„Во многу блиска иднина нашите експерти ќе произведат против ракетен систем чиј квалитет ќе биде еднаков на рускиот систем С- 300 па дури можеби и подобар“, смета генералот на воздухопловната одбрана на Иран Хешматола Касири.
Според Касири ваквата одлука следи бидејќи Русите не им доставиле од противракетниот систем С- 300 од необјасниви причини./крај/бт/ит
Copyright 2010
makfax
Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


