НЕЗАВИСНА НОВИНСКА АГЕНЦИЈА МАКФАКС
Најбрзо до вистината
Новинската агенција Макфакс е првата приватна новинска агенција во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и едно од првите приватни гласила во Македонија.
Од средината на 2009 година Макфакс е во состав на Сеавус групацијата.
Агенцијaта Макфакс е основана од Лилјана Мазова и Ристо Поповски на 19. август 1992. година.
Макфакс, од 5. мај 1993. година, непрекинато, седум дена во неделата, објавува сопствени, вистинити и професионално направени вести за Македонија, како и вести од регионот во соработка со Асоцијацијата на приватни новински агенции – АПНА во која членуваат 17 новински агенции.
Макфакс е член на Медиумската организација за Југоисточна Европа SEEMO, во состав на Интернационалниот прес Институт –IPI со седиште во Виена, а има поддршка од Светската Асоцијација на Весници -WAN со седиште во Париз.
Макфакс е еден од иницијаторите за формирање на Асоцијација на приватни новински агенции - АПНА во Скопје, во октомври 2006. година. Седиштето на АПНА, во која членуваат 17 новински агенции, е во Скопје, а Макфакс е претседавач.
Доверба
Макфакс е гласило од доверба, со висок углед во Македонија, регионот и во светот создаден со целосно почитување на вистината, поставување на високи професионални стандарди и брзина во агенциското работење.
Агенцијата емитува вести тројазично на македонски, албански и англиски. Корисници на вестите на Макфакс се речиси сите медиуми во Македонија, новински агенции и медиуми во регионот и пошироко, како и поголем број на државни институции,
Посебните економски и сервисни вести на англиски ги користат поголем број амбасади, странски мисии, банки и фирми и со странски сопственици.
Проекти
Отворајќи постојано нови простори Макфакс го покрена и првиот он-лајн интернет весник во Македонија – Мakfax-online, со три изданија дневно, на три јазика.
Макфакс во 2005. година ја започна и ревијата Macedonia-in-EU специјализирана за прашањата на евроатланските интеграции, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Агенцијата Макфакс во 2004. година, со поддршка на странски донатори, го започна и проектот Досие корупција, во чии рамки е и релевантната месечна анкета за корупцијата Бистро – Матно во која учествуваат главни уредници на повеќе од 20 најголеми електронски и печатени медиуми.
Рубриката Дискриминација е еден од поновите, многу значајни проекти .
Агенцијата Макфакс во 2007. година ги промовираше и двете специјализирани електронски изданија Дејли Интел, на три јазика, како и Бизнис тајм, засега само на македонски јазик.
Основач
Ристо Поповски (1945), е повеќе од 40 години во новинарството, главно во новински агенции. Добитник е на Наградата за животно дело „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија за 2003 година, како и на повеќе професионални награди и признанија.
Управител
Давор Пашоски
Редакција
Уредник
Марко Георгиев
Новинари
Маја Поповска – Сотировска
Дејан Андоновиќ
Ивана Терзиевска
Александар Поповски
Сашо Таневски
Александар Чочевски
Фросина Факова
Соња Миловановиќ
Сузана Лазаревска
Бојана Димитријеска
Ивана Настеска
Кристина Озимец
Ивана Атанасоска
Владимир Митоски
Реџеп Ќамили
Фотографија
Филип Поповски
Вести на англиски јазик
Весна Јандревска
Тања Златановска
Вести на албански јазик
Енис Мисини
Назми Абдурахмани
Маркетинг
Елефтерија Илиевска
Web администратор
Марина Виларова
Web и систем администратор
Александар Максимовски
Администрација и финансии
Јулија Петровска


